Memorandum_mk
02.10.2007
Инспекторите на УЈП затворија 136 спортски обложувалници

Во рамките на планираните активности во делот на надворешната контрола, од 27 од 29 септември 2007 година на подрачјето на сите регионални дирекции, Управата за јавни приходи спроведе инспекциски контроли по основ на примена на Законот за игри на среќа и забавни игри.

Во текот на контролите инспекциските служби на УЈП утврдија неправилности односно непочитување на Законот за игри на среќа и забавни игри кај 136 спортски обложувалници. Констатирано е дека даночните обврзници, дејноста обложување на спортски натпревари ја вршеле без одобрение - лиценца од надлежен орган.

Врз основа на утврдените незаконитости во работењето и неисполнување на обврските, согласно чл. 87 од Законот за игри на среќа и забавни игри, Управата за јавни приходи донесе решенија за забрана за вршење на дејност и запечати деловни објекти кои работат на подрачјето:

Регионална Дирекција     Број на затворени субјекти
              Скопје                                             25
              Струмица                                       30
              Штип                                               24
              Битола                                            23
              Прилеп                                            29
              Тетово                                              5

              Вкупно                                         136

Во случаи кога приредувањето на игрите на среќа се врши без или спротивно на издадената лиценца и правилата за игри на среќа, или доколку се констатира дека дошло до измена на условите пропишани во Законот, Управата за јавни приходи привремено го забранува приредувањето на игри на среќа и врши запечатување на просторијата на играчницата во која се изведуваат истите.

Покрај инспекцискиот надзор спроведен изминатиот период, контролите на работењето на спортските обложувалници се сеуште во тек. Истите ќе се спроведуваат и во наредниот наредниот период од страна на Управата за јавни приходи.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија