Поради големиот интерес на јавноста во врска со последните активности за пријавување на данокот на добивка, Управата за јавни приходи информира дека според последните, но не и конечни податоци, заклучно со вчерашниот ден/1март, до даночните канцеларии поднесени се вкупно 71.906 даночни биланси.
За утврдување на данокот на добивка својата обврска навремено ја исполниле 48.516 правни лица, додека даночен биланс за годишен данок на вкупен приход во законски предвидениот рок поднеле 23,390 микро и мали бизниси.