Memorandum_mk
25.06.2007
Од 1 јули - Фискализација на зелените пазари

Од 1 јули 2007 година, даночните обврзници кои вршат промет на зелените пазари имаат обврска да користат фискални апарати.

НЕМААТ ОБВРСКА ДА ВОВЕДАТ И КОРИСТАТ ФИСКАЛЕН АПАРАТ:

• Даночните обврзници кои имаат решение за паушално плаќање на персоналниот данок на доход издадено од Управата за јавни приходи за 2007 година и
• Индивидуални земјоделци, лица во работен однос и пензионери, кои вршат промет на сопствено непреработено земјоделско производство.


Индивидуалните земјоделци, лицата во работен однос и пензионерите кои вршат промет на сопствено непреработено земјоделско производство, потребно е да ја регистрираат својата дејност во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Само врз основа на Решение, односно Потврда издадени од надлежната институција даночните обврзници ќе бидат ослободени од обврската за воведување и користење на фискален апарат.

Трговците кои вршат промет на добра и услуги за кој плаќањето се врши во готово, подлежат на обврската за фискализација.

Лицата кои не се регистрирале како даночни обврзници и не ја регистрирале својата дејност во соодветен регистар нема да можат да склучуваат договори за закуп на тезги со организаторите на пазарите.

За подетални информации даночните обврзници може да се обратат во надлежните Регионалните Дирекции и Даночните Одделенија на Управата за јавни приходи.

 


 

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија