Memorandum_mk
20.04.2010
Стратешки план на УЈП за 2010 - 2012

Стратешкиот план на Управата за јавни приходи ги содржи основните развојни компоненти чија реализација е планирана во периодот 2010-2012 година.

Документот ги обезбедува генералните насоки како приоритетни цели, мерките кои треба да се преземат за нивно реализирање и активностите, кои со доследна примена од страна на вработените во УЈП и со соодветно финансирање, ќе обезбедат реализација на нашата мисија и визија.

Дефинираните приоритети претставуваат и темел за изградба на современ даночен орган со висок углед и интегритет кај даночните обврзници, кај домашната и меѓународната јавност - доверба во професионалноста, ефикасноста, транспарентноста и услужната ориентираност.

Овој документ е усогласен со:

  • Одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија во 2010 година
  • Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија
  • Проектот за техничка помош во спроведување на реформата на даночната администрација за периодот 2005-2010 година, спроведуван со Одделот за фискални работи на Меѓународниот монетарен фонд
  • Програмата за поттикнување на инвестициите во Република Македонија 2007-2010 година и
  • Стратешкиот план на Управата за јавни приходи за периодот 2009-2011 година.
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија