Memorandum_mk
27.05.2010
Нова публикација – Давање и примање на донации и спонзорства

Секогаш кога се остварува јавен интерес, а тоа е овозможено или поткрепено со донирање и спонзорство, даночните поттикнувања се посакувани.

Донации и спонзорства се даваат за остварување, унапредување, промоција и поддршка на дејностите од јавен интерес, односно во областа на заштита на правата на човекот и граѓанинот; образование; наука; развој на информатичко општество; култура; спорт; заштита на лица со инвалидитет; заштита на животна средина; и другите дејности кои се утврдени како јавна дејност.

Разумните и успешните луѓе, правните лица, пред да започнат со реализирањето на проектот, најнапред размислуваат, проучуваат и ги планираат даночните последици/привилегии и поттикнувања.

За постапката и начинот на давање и примање на донација, односно спонзорство, видовите на даночни поттикнување преземете ја новата брошура „Давање и примање на донации и спонзорства“.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија