Memorandum_mk
28.10.2010
Унапредување на соработката меѓу УЈП и бизнис заедницата

        Во организација на стопанските комори и Градот Скопје, во текот на вчерашниот ден /27.10.2010/, беше одржана третата работна средба (работилница) меѓу претставници од Управата за јавни приходи и од бизнис секторот.        

Даночните експерти од УЈП на стопанствениците им ги презентираа последните измени на даночната регулатива и актуелностите во делот на даночната политика.

За време на работилницата, припадниците на стопанските комори имаа можност отворено да говорат за проблемите со кои се соочуваат во текот на своето работење, а меѓу другото беа дадени предлози и идеи од заеднички интерес кои имаат за цел:

  • Продлабочување на меѓусебната соработка меѓу УЈП и бизнис заедницата
  • Континуирано разгледување на проблемите со кои се соочуваат стопанствениците во текот на своето работење
  • Заедничко решавање на проблемите околу нелојалната конкуренција и елиминирањето на сивата економија
  • Поефикасна наплата на даноците

Заклучокот е дека ваквиот тренд на непосредна соработка е потребен и ќе продолжи во иднина, во насока на унапредување на партнерскиот однос меѓу институциите и бизнис заедницата.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија