Memorandum_mk
10.11.2010
Фискализација - Нови обрасци ИСК-03 и КДФИ-01

Ги информираме даночните обврзници дека во делот на фискализација пропишана е нова форма и содржина на обрасците Итна сметководствена книга/ ИСК-03 и Книга за дневни финансиски извештаи/ КДФИ-01 („Службен весник на РМ“, бр. 141/2010 од 26.10.2010 година).

Новите обрасци се редизајнирани и поедноставeни согласно барањата и потребите на даночните обврзници и за користење на истите треба да ги следите следните чекори.


Итна сметководтсвена книга

Новиот образец ИСК-03 се применува од 26 октомври 2010 година.

1. Преземете го образецот преку следниот веб линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/10;
2. Пополнете ги податоците за ЕДБ, ДДВ број, назив и адреса на даночен обврзник и деловен објект;
3. Испечатете го образецот;
4. Внесете потпис и ставете печат;
5. Итната сметководтсвена книга задолжително донесете ја во УЈП, бидејќи истата треба да биде заверена со печат од Управата.


Книга за дневни финансиски извештаи

Новиот образец КДФИ-01 ќе се применува од 1 јануари 2011 година и не се заверува во УЈП.

1. Преземете го образецот преку следниот веб линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/14;
2. Пополнете ги податоците за ЕДБ, ДДВ број, назив и адреса на даночен обврзник и деловен објект;
3. Испечатете го образецот;
4. Внесете потпис и ставете печат.


За сите дополнителни информации во врска со користењето на новите обрасци можете да се обратите во Инфо центарот на УЈП на телефонскиот број 0800 33 000.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија