Memorandum_mk
03.06.2011
Програма за “Лидерство и менаџмент“ – Дали јас би се следел себе си?

Дали треба само да раководиме или да бидеме лидери во она што го работиме е главниот акцент на Програмата “ЛИДЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ“, која отпочна да се спроведува во Управата за јавни приходи.
Програмата е насочена кон воспоставување на континуирана обука на раководните структури во даночната администрација и подобрување на нивните способности и вештини за управување.

Преку активна партиципација, учесниците на првата обука која се одржа од 30 мај до 1 јуни 2011 година во Скопје, имаа можност да се запознаат со оперативното управување, разликите меѓу менаџментот и лидерството, стратешкото планирање и контрола, управување со учиноци, промени и кризи, како и со начините за подобрување на работните процеси...
Во рамките на програмата, покрај високото раководство, во наредниот период треба се реализираат и обуки за останатите нивоа на менаџмент во Управата за јавни приходи.

Програмата “Лидерство и менаџмент“ се спроведува во рамките на Проектот “Поддршка на даночните реформи“ финансиран од Европската унија (ИПА 2007) во соработка со холандски поддржаниот проект на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија