Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
04.01.2012
За пресметка на јануарска плата - нова верзија на клиентски софтвер “МПИН“

Стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување

Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2012 година, во примена се следните стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“, бр.185/11):

 

 Вид на придонес  Стапка
Задолжително пензиско и инвалидско осигурување  18%
Задолжително здравствено осигурување  7,3%
Дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување 0,5%
Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност 1,2%
Вид на придонес за пензиското и инвалидското осигурување
за стажот на осигурување што се смета со зголемено траење
Стапка
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци 9,00%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци 7,50%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци 6,00%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци 4,50%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци 3,00%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци 1,50%


Даночно ослободување

Почнувајќи со исплатата на платата за јануари 2012 година, ќе се применува даночно ослободување во износ од 7.470 денари месечно, односно на годишно ниво за 2012 година во износ од 89.640 денари (види и лично ослободување).

Највисока основица

Највисоката основица за пресметка и уплата на социјални придонеси, започнувајќи од 2012 година, ќе се пресметува и уплатува на износот на ШЕСТ просечни месечни плати.

Нова верзија на клиентски софтвер

За да можете да ја поднесете пресметката за плата за Јануари 2012 година, задолжително преземете ја новата верзија на клиентски софтвер (образец МПИН) преку веб страницата на УЈП (кликни тука).
Пресметката за плата МПИН доставете ја преку интернет, на следната е-пошта: celaplata@ujp.gov.mk
При доставување на образецот “МПИН“ за повеќе даночни обврзници, ве молиме пресметките за плата да ги доставувате, одделно, за секој даночен обврзник. Исто така, веќе еднаш доставената пресметка за плата не ја праќате повторно преку е-пошта: celaplata@ujp.gov.mk и во даночните канцеларии на УЈП. Декларацијата и Налогот за плаќање ќе ви бидат доставени на вашата електронска пошта, најдоцна, во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата.

Поднесување на пресметки за плата за 2011, 2010 и 2009 година

Доколку поднесувате пресметка за плата која се однесува на минат период (за 2009, 2010, 2011 година) или пак исправка на пресметка за плата за овој период, потребно е да ги користите стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување и даночното ослободување кои важат за тој период согласно Законот.
При исплатата на плата за минат период, највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува ЧЕТИРИ просечни месечни плати.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија