Memorandum_mk
10.02.2012
Во вечерни контроли на УЈП – затворени 60 објекти

Во вчерашните контроли во делот на фискализацијата спроведени во доцните вечерни часови, Управата за јавни приходи затвори 60 објекти.
Од над 400 даночни контроли, кај 74 објекти е утврдено дека истите не го регистрирале готовинскиот промет, со намера да го намалат приходот и данокот.

Во зависност од прекршокот - непоседување на фискален апарат, неиздавање на фискални сметки и неводење на задолжителната финансиска документација, фирмите кои го заобиколиле законот се соочуваат со глоби во вкупен износ од 170.950 евра во денарска противвредност, како и со затворање на објектот од 15 до 30 дена.
Во еден случај поради спречување на вршење на службените задачи на даночните контролори и кинење на записници и налог, за даночниот обврзник е поднесена кривична пријава.

Управата за јавни приходи постојани апелира до фирмите да го регистрираат прометот во готово на начин пропишан со законот. Неиздавањето на фискалните сметки на потрошувачите е неисплатливо за бизнисите, земајќи предвид дека паричните казните во делот на фискализација се високи и истовремено може да се соочат со забрана на вршење професија, дејност или должност во траење од една година.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија