Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
14.03.2008
15 март - Последен ден за поднесување на Годишна даночна пријава

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека утре/сабота 15 март/ е последниот рок за поднесување на Годишните даночни пријави за остварените приходи во 2007, кога и сите шалтери во даночните канцеларии на УЈП низ Републиката ќе вршат примање на даночните формулари.
За потсетување, обврска да поднесат даночна пријава имаат сите граѓани кои покрај приход од плата, пензии, приход од земјоделска дејност кој се оданочува според катастарскиот приход или приход од самостојна дејност, оствариле и дополнителен приход од други извори, како на пример: приходи од имот и имотни права; од авторски права и права од индустриска сопственост; од капитал; од капитални добивки; од игри на среќа и други наградни игри; и други приходи.

Според податоци од регионалните дирекции на УЈП, бројот на доставени годишни даночни пријави заклучно со 13 март, изнесува 22.427 и тоа:

  • Регионална Дирекција Скопје - 16.017
  • Регионална Дирекција Битола - 1.690
  • Регионална Дирекција Прилеп - 1.385
  • Регионална Дирекција Струмица - 768
  • Регионална Дирекција Тетово - 1.492
  • Регионална Дирекција Штип - 1.075

Само во изминатата недела, дневно до УЈП се доставуваат 5.000 даночни пријави, што говори дека даночните обврзници ги чекаат последните рокови за исполнување на својата обврска.
Според проценките на УЈП, оваа година бројот на поднесени пријави се очекува да биде поголем за 40% (27 000) во споредба со минатата година кога до УЈП беа поднесени 19 447 даночни пријави.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија