Memorandum_mk
16.03.2012
Борбата против корупцијата зависи од секој од нас

Дополнителен чекор и потврда на нашите заложби за борба против корупцијата е новото Упатство за анти-коруптивно однесување, наменето пред се за даночните службеници, но и за пошироката јавност.
Преку јасната анти-коруптивна заложба сакаме да испратиме силен сигнал до даночните службеници, даночните обврзници...дека Управата за јавни приходи не толерира прекршување на законите и на интерните акти со кои се регулира спречувањето на корупцијата и анти-коруптивното однесување на вработените.

Спречувањето на корупцијата зависи од секој од нас и од сите општествените чинители. Подоброто разбирање на корупцијата и на постапките за нејзино избегнување е клучно за превенција на разни видови коруптивни практики и зајакнување на анти-коруптивното однесување во даночната администрација.
Јавната доверба во УЈП и неспорниот интегритет, се основа и суштина на делувањето на Управата и обврска на сите вработени е да се придржуваат кон создадените вредности и кон извршувањето на задачите на одговорен, транспарентен и етички начин.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија