Memorandum_mk
28.09.2012
Новите даночни трендови во фокусот на средбите со колегите од Република Турција

Скопје - Од 17 до 21 септември 2012 година, во посета на Управата за јавни приходи, престојуваа претставници на даночната администрација од Република Турција.
Турската делегација, составена од тројца членови, оствари неколку средби со менаџментот на УЈП, на кои главни теми на интерес беа новите трендови во даночната администрација, даночната регулатива во Република Македонија, стратегијата за контрола и видовите на услуги за даночните обврзници.
Во рамките на посетата, гостите имаа можност да ги посетат и одблиску да се запознаат со процесот на работа и начинот на организација на Контакт центарот и Регионалната дирекција Битола.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија