Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
05.04.2007
Со измените на Законот за УЈП - вработените во УЈП треба да добијат статус на даночни службеници

Новото законско решение ја потврдува цврстата определба на Владата на РМ за спроведување на даночните реформи предвидени и во Проектот – Модернизација на УЈП, за подигнување на степенот на професионализам, ефикасноста и ефективноста на вработените, односно изградба на дисциплиниран и модерно организиран даночен орган.

Целта е да создадеме профил на даночен службеник во согласност со современите потреби на даночните обврзници. Реформирањето на управувањето со човечките ресурси ќе ни овозможи постигнување на оптимална ангажираност на вработените и обезбедување поттик за повисок учинок и некоруптивно однесување.

Земајќи ги предвид спецификите во надлежностите, правата, обврските и одговорноста на даночните службеници, она што се наметна како реална потреба, а ќе се реализира со новите измени е, покрај лицата со посебни должности и овластувања, сите вработени службеници во Управата за јавни приходи да добијат статус на даночни службеници. Сметаме дека со промената на постојниот статус на вработените во УЈП, покрај зголемувањето на капацитетите на даночната управа, ќе се зајакнат и контролните механизми, како и наплатата на јавните приходи.

Новите измени се резултат на заложбите на УЈП, како и влијанието на Колективниот Договор, односно одговор на долгогодишните барања и прашања наметнувани од Синдикатот на вработените во УЈП, кој ќе добијат своја правна рамка.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија