Memorandum_mk
01.03.2013
Тетовско и Гостиварско - Затворени диви обложувалници и запленета техничка опрема

Во рамките на активностите за сузбивање на незаконското приредување на игри на среќа, УЈП затвори 8 “диви“ обложувалници.
Во даночните контроли спроведени изминатите четири дена, во Тетовско се затворени 6 објекти каде нелегално се организирало спортско обложување, а во Гостиварско 2.
УЈП во сите објекти изврши заплена на техничката опрема, а против сторителите ќе бидат поднесени кривични пријави за нелиценцираното приредување на игри на среќа.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија