Memorandum_mk
05.03.2013
Стратешки план на УЈП 2013-2015

Нашата мисија е да обезбедиме висок квалитет на услуги за даночните обврзници, поедноставени даночни постапки за навремено и точно исполнување на обврските и праведно и ефикасно собирање на даноците и на другите јавни давачки.
Токму затоа, а во насока на остварување на нашата визија - Управата за јавни приходи да стане модел за професионална организација во јавниот сектор вреднувано согласно практиките и стандардите на Европската унија, во периодот 2013-2015 ќе се фокусираме на понатамошен развој и надоградба на веќе воведените мерки и проширување на дел од стратешките цели со нови мерки преку чија имплементација ќе продолжиме да го зајакнуваме административниот капацитет и да ги подигнуваме квалитативните стандарди на работењето преку висок степен на компјутеризација на работните процеси, давање услуги кон даночните обврзници и со систематска и современа едукација на вработените.

ПРОГРАМИ 2013-2015

  1. Зајакнување на административните капацитети
  2. Секогаш чекор понапред
  3. Услужна ориентираност
  4. Организација на учење и знаење
  5. Место во меѓународната заедница

За да го преземете Стратешкиот план на УЈП за 2013 - 2015 година, кликни тука.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија