Memorandum_mk
01.10.2013
Даночна академија - Примена на одредбите од Законот за ДДВ

  

Скопје - На 30 септември 2013 година, Даночната академија во Контакт центарот на УЈП одржа работилница за вработените во Царинската управа на РМ. Преку работилницата на тема: „Примена на одредбите од Законот за ДДВ“, царинските службеници се запознаа со одредбите од Законот за данокот на додадена вредност, елементите и документацијата потребни за изготвување на даночни пријави за поврат/плаќање на ДДВ, како и евидентирање на платениот ДДВ при увоз и по основ на решение за царински долг/враќање на повеќе платен ДДВ при увоз.
Преку организирање на вакви едукативни програми, Даночната академија обезбедува зајакнување на меѓуинституционалната соработка и размена на искуства и знаења во примената на даночните прописи.

 

е-пошта: danochnaakademija@ujp.gov.mk
ОБУКА ЗА УСПЕХ!

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија