Memorandum_mk
01.04.2014
Ново – Електронско поднесување на барање и достава на уверенија/потврди преку е-Даноци

Едно од најкористените услуги во УЈП е издавање на уверенија/потврди за остварени приходи и платени даноци и придонеси, кои на фирмите и граѓаните им се потребни за остварување на различни права пред другите институции и органи (за учество на тендери, добивање на концесија, доделување на земјоделско земјиште, за пред банка или суд, добивање на стипендии или имотен лист, детски додаток, земјоделски кредити, за увид за висината на даночните долгови во УЈП и остварување на други права).
На годишно ниво, УЈП издава над 250 илјади уверенија и потврди за потребите на фирмите и граѓаните.

Поднесување на електронски барања до УЈП

Од Април 2014 година, Управата за јавни приходи воведува новина и можност даночните обврзници побрзо да го добијат бараното уверение и потврда, односно наместо лично на шалтерите во УЈП, фирмите и граѓаните регистрирани на системот е-Даноци ќе имаат можност барањето да го поднесат електронски преку https://etax-fl.ujp.gov.mk и УЈП електронски да им го издаде Уверението/Потврдата преку е-Даноци:

  • Барање за издавање на уверение за платени даноци и придонеси
  • Барање за издавање на уверение за остварени приходи
  • Барање за издавање на потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси

Оваа услуга во моментот може да ја користат 72.350 фирми и 11.549 граѓани, односно вкупно 83.899 даночни обврзници кои се веќе регистрирани на е-Даноци.

Начини на плаќање на административна такса

За барањата за кои е предвидено административна такса согласно закон, без разлика дали се поднесуваат во хартија или електронски преку е-Даноци, даночниот обврзник плаќањето на таксата може да го изврши преку својот мобилен телефон со праќање на СМС порака на бројот 144 166 со текст “TM Ime Prezime Iznos“.
По праќање на пораката повратно се добива Трансакциски код (кој се состои од 10 бројки), кој задолжително се наведува во Барањето кое се доставува до УЈП.
Плаќањето на административната такса со Налог за јавни приходи (образец “ПП50“), како опција сеуште може да се користи, со тоа што во случај на поднесување на електронско Барање преку е-Даноци, задолжително треба да се достави скениран Налог “ПП50“ (уплатница или извод од е-banking), односно копија од налогот да се приложи кон хартиеното Барање кое се поднесува на шалтерите во УЈП.

Достава на електронските уверенија/потврди на е-пошта на фирмите и граѓаните

Откако фирмата, односно граѓанинот, ќе го поднесе електронското барање преку е-Даноци, УЈП веднаш го проверува и доколку е уредно преку системот е-Даноци ќе го издаде бараното Уверение/Потврда во електронска форма за што ќе добие известување преку е-пошта.
Во случај на евентуалните формални недостатоци на барањето, системот е-Даноци ќе го извести подносителот преку е-пошта да го комплетира барањето.

За повеќе информации во врска со начинот на поднесување на барањата и издавање на уверенија/потврди, кликни тука.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија