Memorandum_mk
09.04.2014
Средби со даночните обврзници од југозападниот регион

На барање на фирмите и граѓаните, во текот на денешниот ден Директорот на УЈП ќе ги посети Вевчани, Струга, Охрид, Ресен, Битола и Демир Хисар.
На средбите, посебен акцент ќе се даде на прашањата кои ги поставија бизнисите до Управата – модели на оданочување на мали бизниси, репрограм на даночни долгови, актуелните новини и поволности во даночното работење за фирмите...Присутните ќе можат да се запознаат и со новата услуга на УЈП за електронско издавање на уверенија и потврди.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија