Memorandum_mk
09.05.2014
IOTA Форум „Преку обука до учење и развој“

Скопје - Управата за јавни приходи во соработка со Интра-европската организација на даночни администрации (IOTA) во периодот од 7 до 9 мај 2014 година е домаќин на 11-ти IOTA Форум за обука „Преку обука до учење и развој“ на кој учествуваат 47 претставници од 28 даночни администрации, меѓу кои и претставник од Европска комисија.

За време на настанот делегатите имаат можност да разменуваат искуства и знаења, да дискутираат и да ја презентираат моменталната ситуација и развојните тенденции во делот на обуката и учењето, новите трендови, идеи и можности за учење, мерење на влијанието од едукација, мрежно поврзување и сл.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија