Memorandum_mk
31.12.2014
Од 1 Јануари – Достава на Извештај за задржан ДДВ во постапка на присилна наплата и присилно извршување “ДДВ-ПНПИ“

Со измените и дополнувањето на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр.130/14), од 1 јануари 2015 година се пропишаа посебни одредби за начинот на постапување при пренос на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата односно присилно извршување, кога должникот е регистриран за ДДВ, пресметувањето и плаќањето на ДДВ на прометот на добрата кои се предмет на продажбата го врши субјектот надлежен за постапката за присилна наплата односно присилно извршување, во име и за сметка на должникот.

Обврски на субјектот надлежен за спроведување на постапката за присилна наплата односно присилно извршување

  • Да пресмета ДДВ на образец “ДДВ-ПНПИ“ - Извештај за задржан ДДВ во постапка на присилна наплата и присилно извршување;
  • Да го плати ДДВ-то на денот кога е извршена уплатата од страна на стекнувачот на доброто или најдоцна во рок од 5 (пет) работни дена, поединечно за секој даночен обврзник на утврдената буџетска сметка;
  • Да го достави Извештајот “ДДВ-ПНПИ“ и изготвениот акт кој е основ за стекнување со сопственост на движните и недвижните добра до УЈП, должникот и стекнувачот на доброто, на денот кога е извршена уплатата од страна на стекнувачот на доброто или најдоцна во рок од 5 (пет) работни дена.

Извештајот “ДДВ-ПНПИ“ се доставува до УЈП по електронски пат, преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk, почнувајќи од 1 јануари 2015 година.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија