Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
05.08.2015
Пресметка и уплата на придонеси по основ на договори за дело, авторски договори и други договори за остварен приход заклучно со 31 јули 2015 година

Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Сл. весник на РМ“, бр.129/15), кој се применува од 1 август 2015 година, пресметување и плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување се врши за исплата на надоместоците по основ на договори за дело и/или авторски договори или други договори заклучно со 31 јули 2015 година. За надоместоците по основ на договори за дело и/или авторски договори или други договори кои се исплатуваат по 31 јули 2015 година не се врши пресметување и плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување.
Воедно, правното лице-исплатувач има обврска на Управата за јавни приходи да и доставува месечен извештај по основ на договорите за дело, авторските договори или други договори со кој е утврден надоместок за извршената работа, за исплатите извршени заклучно со 31 јули 2015 година. За исплатите кои ќе се вршат по 31 јули 2015 година правното лице-исплатувач нема обврска на Управата за јавни приходи да и доставува месечен извештај по основ на договорите за дело, авторските договори или други договори.

Насоки за поднесување на МПИН пресметка за извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво
Обврзник за плаќање и обврзник за поднесување на пресметка и за уплата на придонесите.
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување утврдена е обврската за плаќање на Придонес за пензиско и инвалидско осигурување (ППИО) и Придонес за здравствено осигурување (ПЗО) за паричен надоместок на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, доколку не е осигурен по основ на работен однос и самовработување, за исплатите на надоместокот по 31 јули 2015 година.
Обврзник за пресметка и уплата на придонесите е исплатувачот на паричен надоместок на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, доколку не е осигурен по основ на работен однос и самовработување.

Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите
Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за примањата на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, е износот од дванаесет просечни плати.

Рокови за поднесување на МПИН пресметки и за плаќање на придонесите
Обврзникот за пресметка и уплата на придонесите - исплатувачот на паричен надоместок е должен пресметката на придонесите и надоместокот за извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, доколку не е осигуран по основ на работен однос или самовработување, да ја врши поединечно за секој осигуреник, врз основа на основиците утврдени во ЗПЗСО. Податоците за пресметаните придонеси и надоместок, исплатувачот на паричен надоместок, е должен да ги доставува до Управата за јавни приходи пред исплатата на надоместокот, по електронски пат. Ова значи дека МПИН пресметката се доставува до Управата за јавни приходи, пред да се изврши исплатата на надоместокот, односно доколку во месецот не се врши исплата по овој основ, исплатувачот нема обврска за поднесување на МПИН образецот.
Исплатата на надоместокот за извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, доколку не е осигурен по основ на работен однос и самовработување, се врши преку налогот за плаќање ПП53 истовремено со уплата на придонесите за ППИО и ПЗО, како и персоналниот данок на доход. Ова значи дека исплатувачите на надоместоци сите исплати кои ќе ги извршат по овој основ по 31 јули 2015 година се должни истото да го сторат преку налогот за плаќање ПП53, на начин и постапка утврдена со ЗПЗСО.

Поднесување на МПИН пресметка од страна на обврзник - исплатувач на паричен надоместок

Дел 1 – Месец за кој се пресметуваат и плаќаат придонесите и персоналниот данок
Поле 1.1 Се внесува месецот во кој исплатувате надоместок
Поле 1.2 Се внесува годината во која исплатувате надоместок
Поле 1.3 Внесувате шифра 820
Поле 1.4 Внесувате шифра 180
Месечна просечна плата Системски се генерира параметар за просечна плата / не внесувате
Поле 1.5 Системски генерирана вредност/ не внесувате
Дел 2 – Идентификација на обврзникот за пресметување и уплата на придонесите и персоналниот данок
Поле 2.1 Внесувате ЕДБ на исплатувачот
Поле 2.16 Внесувате ЕМБС на исплатувачот
Поле 2.2 Внесувате назив на исплатувачот
Во останатите полиња
2.3, 2.4, 2.5, 2.12, 2.13, 2.6, 2.7, 2.8, 2.9, 2.10, 2.11, 2.14
Ги внесувате податоците за телефонски број, факс, контакт лице, адреса, населено место, град, е-маил, односно ги пополнувате сите полиња.
Дел 3 – Идентификација на обврзникот за плаќање на придонеси и персонален данок
Поле 3.0 Пополнувате реден број
Поле 3.1 ЕМБГ на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител
Поле 3.2 Презиме
Поле 3.3 Име
Поле 3.4 Внесувате три нули (000)
Поле 3.4б Број на деловна единица за издавање на сини картони (во копчето помош од образецот МПИН имате листа на валидни шифри на деловни единици)
Поле 3.4ц Внесувате ознака на општината каде лицето има живеалиште/престојувалиште
Поле 3.7 Внесувате нето надоместок
Поле 3.14 Внесувате износот на бруто надместокот односно основицата за плаќање на придонеси
Поле 3.15 Пресметувате придонес за ПИО по стапка од 18%
Поле 3.40 Пресметувате придонес за ФЗО по стапка од 7,3%
Поле 3.46 Пресметувате ПДД
Поле 3.17 Внесувате шифра 0050
Поле 3.30 Внесувате шифра 1
Поле 3.13 Го внесувате износот на нето надоместокот
Поле 3.31 Се внесува износот на нето за исплата
Поле 3.32 Се внесува број на трансакциска сметка
* Останатите полиња од клиентскиот софтвер НЕ СЕ ПОПОЛНУВААТ.

Поднесување на исправка на МПИН пресметка од страна на правното лице-исплатител

Правното лице – исплатител има можност за исправка на податоците за пресметаните и платени придонеси за ППИО и ПЗО, персоналниот данок и нето надоместокот за извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво Исправката на податоците од поднесената и платена МПИН пресметка се врши со поднесување на МПИН пресметка со вид на обврска 821 и вид на обврзник 180 само за лицето/лицата за кои се корегираат податоците.

Потребно е да ги пополните следните полиња од клиентскиот софтвер (образец МПИН): 

Дел 1 – Месец за кој се пресметуваат и плаќаат придонесите и персоналниот данок
Поле 1.1 Се внесува месецот за кој вршите исправка на податоците
Поле 1.2 Се внесува годината за која вршите исправка на податоците
Поле 1.3 Внесувате шифра 821
Поле 1.4 Внесувате шифра 180
Месечна просечна плата Системски се генерира параметар за просечна плата / не внесувате
Поле 1.5 Системски генерирана вредност/ не внесувате
Дел 2 – Идентификација на обврзникот за пресметување и уплата на придонесите и персоналниот данок
Поле 2.1 Внесувате ЕДБ на исплатувачот
Поле 2.16 Внесувате ЕМБС на исплатувачот
Поле 2.2 Внесувате назив на исплатувачот
Во останатите полиња
2.3, 2.4, 2.5, 2.12, 2.13, 2.6, 2.7, 2.8, 2.9, 2.10, 2.11, 2.14
Ги внесувате податоците за телефонски број, факс, контакт лице, адреса, населено место, град, е-маил, односно ги пополнувате сите полиња.
Дел 3 – Идентификација на обврзникот за плаќање на придонеси и персонален данок
Поле 3.0 Пополнувате реден број
Поле 3.1 ЕМБГ
Поле 3.2 Презиме
Поле 3.3 Име
Поле 3.4 Внесувате три нули (000)
Поле 3.4б Број на деловна единица за издавање на сини картони (во копчето помош од образецот МПИН имате листа на валидни шифри на деловни единици)
Поле 3.4ц Внесувате ознака на општината каде лицето има живеалиште/престојувалиште
Поле 3.7 Внесувате нето надоместок
Поле 3.14 Внесувате износот на бруто надместокот односно основицата за плаќање на придонеси
Поле 3.15 Пресметувате придонес за ПИО по стапка од 18%
Поле 3.40 Пресметувате придонес за ФЗО по стапка од 7,3%
Поле 3.46 Пресметувате ПДД
Поле 3.17 Внесувате шифра 0050
Поле 3.23 Се внесува шифра 400 доколку во месецот за лицето првпат се поднесува пресметка
Поле 3.30 Внесувате шифра 1
Поле 3.13 Го внесувате износот на нето надоместокот
Поле 3.31 Се внесува износот на нето за исплата
Поле 3.32 Се внесува број на трансакциска сметка
* Останатите полиња од клиентскиот софтвер НЕ СЕ ПОПОЛНУВААТ.

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија