Memorandum_mk
02.11.2015
Проверете дали имате долгови - УЈП ЌЕ ОТПОЧНЕ СО ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА РАДИОДИФУЗНА ТАКСА

Се повикуваат граѓаните кои имаат заостанати долгови за РДТ истите да ги платат во најкраток можен рок, со цел да не се изложуваат на дополнителни трошоци на присилна наплата и блокирање на нивните сметки, активност која УЈП ќе ја отпочне од 15 ноември 2015 година кон должниците на оваа јавна давачка. Како наједноставно да платите Радиодифузна такса? Како да проверите дали имате долгови за РДТ?...

Како наједноставно да платите Радиодифузна такса?
Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на РДТ, без чекање на шалтери, граѓаните може да извршат плаќање на таксата со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ http://etax.ujp.gov.mk
Регистрацијата за е-РДТ е бесплатна, брза и едноставна, единствено што ви е потребно е пристап до интернет и е-пошта!

Како да проверите дали имате долгови за РДТ?
УЈП доставува известување (опомена) до обврзникот секој месец, за износот на заостанатиот долг во Решението за РДТ.
Препорачуваме граѓаните за проверка на состојбата на долговите за РДТ и за проверка дека извршеното плаќањето на РДТ е евидентирано во УЈП, да го користат електронскиот сервис е-РДТ или со доказ за извршена уплата да се обратат во даночните канцеларии со цел да се осигураат дека нема да биде спроведена присилна наплата на долговите.

Други корисни информации за РДТ:
- За повеќе информации и техничка поддршка контактирајте не преку Инфо центарот 0800 33 000;
- Совети и препораки за Радиодифузна такса (види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/1190);
- Флаер „е-Радиодифузна такса“ (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/59);
- УЈП Соопштение (31.07.2015) „Граѓаните и фирмите да ги платат заостанатите долгови за РДТ за да не се соочат со присилна наплата“ http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/525).

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија