Во врска со начинот на оданочување со ДДВ за промети на добра во постапка на присилна наплата и присилно извршување, Управата за јавни приходи ги дава следните насоки и појаснувања, а со цел правилна примена Законот за данокот на додадена вредност.
- Со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додаден вредност („Службен весник на РМ”, бр.130/14), од 1 јануари 2015 година се пропишаа посебни одредби за начинот на постапување при пренос на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата и во постапка за присилно извршување.
- Со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додаден вредност („Службен весник на РМ”, бр.129/15), од 8 август 2015 година се изврши доуредување и допрецизирање на одредбите за прометите во постапки на присилна наплата и присилно извршување, како и:
- воведување на механизмот на пренесување на даночната обврска во случај кога доверителот се стекнува со доброто.
- промена на рокот за плаќање и достава на ДДВ-ПНПИ во постапка за присилно извршувањесо цел усогласување со Законот за извршување.
- Субјектот надлежен за постапката на присилна наплата и присилно извршување има обврска за прометот да изготви соодветни обрасци кои се пропишани во:
- Правилник за формата и содржината на Извештајот за задржан данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување (образец ДДВ-ПНПИ), со примена од 1 јануари 2015 година („Службен весник на РМ”, бр.198/14).
- Правилник за формата и содржината на Извештајот за пресметка на данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување, во случаите кога доверителот е стекнувач на доброто (образец ДДВ-ПНПИ/ДС), со примена од 25 август 2015 година („Службен весник на РМ”, бр.143/15).
Табела: Начини на постапување во постапка на присилна наплата и присилно извршување
Должник
(ДДВ обврзник)
|
Субјектот надлежен за постапката изготвува: |
• Акт од присилна наплата или извршна постапка
• Извештај ДДВ-ПНПИ
• примена на член 43-а од ЗДДВ |
• Акт од присилна наплата или извршна постапка
• Извештај ДДВ-ПНПИ
• примена на член 43-а од ЗДДВ |
• Акт од присилна наплата или извршна постапка
• Извештај ДДВ-ПНПИ/ДС
• примена на член 32-а став 1 точка 3 од ЗДДВ |
• Акт од присилна наплата или извршна постапка
• Извештај ДДВ-ПНПИ/ДС
• не се применува член 43-а или член 32-а став 1 точка 3 од ЗДДВ |
Кој има обврска да го плати ДДВ
за прометот? |
Субјектот надлежен за спроведување на постапката по прием на целосната уплата од стекнувачот на доброто |
Субјектот надлежен за спроведување на постапката по прием на целосната уплата од стекнувачот на доброто |
Примена на Reverse Charge:
• Доколку стекнувачот има право на одбивка на ДДВ го искажува пресметковно во Пријавата ДДВ-04
• Доколку стекнувачот нема право на одбивка на ДДВ го пријавува и плаќа ДДВ
|
Должникот
Напомена: Не се применува Reverse charge, се применуваат општите одредби од ЗДДВ.
|
Должник
(не е ДДВ обврзник)
|
Субјектот надлежен за постапката изготвува: |
Акт од присилна наплата или извршна постапка |
Акт од присилна наплата или извршна постапка |
Акт од присилна наплата или извршна постапка |
Акт од присилна наплата или извршна постапка |
| Обврска за ДДВ? |
Не се пресметува и плаќа ДДВ |
Не се пресметува и плаќа ДДВ |
Не се пресметува и плаќа ДДВ |
Не се пресметува и плаќа ДДВ |