Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
21.07.2016
НАСОКИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА МПИН ПРЕСМЕТКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА ПРИДОНЕСИ И ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК ВРЗ ОСНОВА НА ПРОЕКТОТ „МАКЕДОНИЈА ВРАБОТУВА 2“

Со донесување на измените и дополнувањата на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на РМ“, бр.119/16), се продолжуваат активностите од проектот „Македонија вработува“, во чија втора фаза предвидена е можноста работодавачот од приватниот сектор, по претходно поднесено барање до Агенцијата за вработување, да биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход, под одредени услови пропишани со законот.
Еден од условите е работодавачот да нема неисплатени плати, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци повеќе од два последователни месеци, што се докажува со потврда издадена од Управата за јавни приходи од страна на работодавачот или по пат на размена на податоци по службена должност преку Агенцијата за вработување (види повеќе на http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/517)

Барањата за ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход се поднесуваат до Агенцијата за вработување на РМ најдоцна во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон (28.06.2016 година), во кој период ќе треба да започне и користењето на ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход по поднесеното барање.

Ослободување од плаќање на социјални придонеси
Работодавачот може да користи ослободување од плаќање на придонеси на задолжително социјално осигурување за:
1. невработено лице на возраст до 35 години;
2. невработено лице на возраст од 35 до 50 години;
3. невработено лице на возраст над 50 години; и
4. невработено лице со социјален ризик, односно лице кое е родител на три или повеќе деца и кое најмалку три месеци пред вработувањето немало заснован работен однос; самохран родител и член на еднородителско семејство кое најмалку три месеци пред вработувањето немало заснован работен однос; приматели на социјална парична помош; деца без родители и родителска грижа; жртви на семејно насилство; инвалидно лице со утврдена инвалидност согласно со Закон за вработување на инвалидни лица и лице со утврдена намалена работна способност или професионална неспособност за работа за 50% согласно со прописите од пензиското и инвалидското осигурување; професионални војници на кои им престанал работниот однос согласно со Законот за служба во Армијата на РМ; и родители на деца со пречки во развојот кои се корисници на посебен додаток најмалку три месеци пред вработувањето согласно со мерката.
5. невработено лице на возраст над 58 години кое во последните две години пред вработувањето согласно со мерката, немало засновано работен однос.

Ослободувањето од плаќање на придонесите за горенаведените категории на лица, на месечна основа се однесува до просечна бруто-плата за претходната година објавена од Државниот завод за статистика, а разликата над просечната бруто-плата за придонесите ја пресметува и плаќа работодавачот.

Ослободување од плаќање на придонеси и/или ПДД за самовработено лице
Ослободувањето од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход се однесува и за самовработено лице кое се вработило согласно со мерките од овој закон.

Престанување на правото на користење на мерките
Користењето на мерките од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност ќе престане доколку работодавачот кој по вработувањето на лица согласно со мерките, има долг по основ на неисплатена плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци за два последователни месеци. Работодавачот во тој случај е должен да го плати износот на средства за кој бил ослободен од плаќање за изминатиот период.

Начин на пополнување на МПИН пресметка

За користење на ослободувањето од плаќање на придонесите и/или ПДД, во полето 3.23 – „Ознака на надлежен орган-обврзник за пресметка и уплата“ на клиентскиот софтвер (преземи нова верзија http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81) потребно е да внесете една од наведените шифри во зависност од категоријата во која припаѓа невработеното лице:

Шифра во поле 3.23 Опис
311 невработено лице до 35 години возраст
312 невработено лице на возраст од 35 до 50 години
313 невработено лице на возраст над 50 години
314 невработено лице на возраст над 58 години
315 невработено лице со социјален ризик

Во полето 3.24 – „Часови за кои плаќа надлежен орган“ на клиентскиот софтвер се пополнува бројот на часовите за кои лицето е ослободено од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок.
Останатите полиња во МПИН пресметката се пополнуваат на вообичаениот начин.

Приказ на ослободувањето во Декларацијата за прием
Износот на ослободувањето од плаќање на придонесите и/или ПДД се прикажува во Декларацијата за прием во делот „Рефундирање на придонеси и ПД“ и тоа во секоја колона поединечно по вид на придонес и персонален данок на доход.
Збирниот износ од делот „Рефундирање на придонеси и ПД“ го намалува пресметаниот износ за плаќање во полето „Вкупен износ на социјални придонеси и персонален данок“.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија