Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
07.11.2008
Формиран советодавен одбор на даночни обврзници на Македонија

Ве рамките на остварувањето на зацртаната стратегија за развој и модернизација на своето работење, Управата за јавни приходи на Република Македонија формира СОВЕТОДАВЕН ОДБОР НА ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА, како една од предвидените активности кои водат кон потврдување на намерата за создавањето на нов пристап во функционирањето на УЈП.

Првата, конститутивна, седница на Советодавниот одбор на даночни обврзници на Македонија се одржa во Клубот на пратеници во Скопје, на 7 ноември 2008/петок/.

Советодавниот одбор на даночни обврзници на Македонија, е предвиден да работи како советодавно тело во рамките на Управата за јавни приходи, а целта е преку членките - организациите и здруженијата во Македонија (стопански комори, здруженија на сметководители, ревизори, даночни советници..), даночните обврзници да се вклучат во планирањето на услугите и активностите на УЈП кои директно го засегаат нивното работење, односно:

  • Воспоставување на непосредна комуникација и соработка заради континуирана размена на информации и ставови што би придонесло за разбирање на состојбите и ставовите на двете засегнати страни - УЈП и даночните обврзници.
  • Дискусија за новите законски решенија, запознавање и целосно усогласување околу новите даночни решенија.
  • Лоцирање, модификација и доградување на евентуални недоречености или неповолни формулации во актите врз кои почива работата на УЈП.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија