Денеска (15 март) истекува рокот за поднесување на Годишната даночна пријава за поднесување на персонален данок на доход (образец ПДД-ГДП) за приходите остварени во изминатата 2016 година.
Со цел граѓаните да можат да ја поднесат даночната пријава во законскиот рок, сите даночни канцеларии на УЈП за прием на Годишните даночни пријави денеска ќе работат со продолжено работно време до 20:00 часот.
Според последните податоци, поднесени се вкупно 403.316 Годишни даночни пријави.
Потсетуваме дека пријавите можат да се поднесат и преку пошта, преку е-Даноци за регистраираните корисници на електронските даночни услуги, како и во дополнителни шалтери во Скопје, лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ).
За точна адреса, локација на даночните канцеларии, информирајте се преку веб страницата на УЈП (види и http://www.ujp.gov.mk/mk/kontakt).
Скопје |
158910 |
1183 |
160093 |
Битола |
51580 |
143 |
51723 |
Прилеп |
54582 |
132 |
54714 |
Струмица |
36836 |
134 |
36970 |
Тетово |
32502 |
138 |
32640 |
Штип |
66973 |
203 |
67176 |
ВКУПНО |
401383 |
1933 |
403316 |
За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.