Услугата „Закажи средб@“ можете да ја користите он-лајн или преку Инфо центарот на УЈП. Новата услуга на УЈП, во моментов е достапна само за користење на даночните услуги на Регионалната дирекција Скопје, а истата ќе биде задолжителна од 1-ви Мај 2018 година. Даночните обврзници со седиште во Скопје и кои се администрани во Регионалната дирекција Скопје, а кои претходно ќе закажат термин за средба со даночен агент преку „Закажи средб@”, ќе имаат предност во однос на останатите обврзници при добивањето на услугите во УЈП.
Услугата „Закажи средб@“ ви овозможува да закажете термин за остварување на средба со даночни агенти во Регионалната дирекција Скопје, во време кое вам ви одговара, а со цел консултација за прашања кои се однесуваат на: 1) Oпшти информации (рокови, начини за пријавување и плаќање даноци и др.); 2) Отворање на бизнис и регистрација на даночен обврзник; 3) Консултации за издадени даночни документи; 4) Утврдување на даноци; 5) Постапки за наплата на долгови; 6) Правни прашања.
За да закажете средба повикувајте го Инфо центарот (0800 33 000 или 02/3253 200) или направете го тоа он-лајн преку веб страницата на Контакт центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk, која овозможува пристап до услугата „Закажи средб@“.
Која е постапка за закажување на средба?
- Идентификација на корисник преку Инфо центарот или преку електронскиот систем „Закажи средб@“ kontaktcentar.ujp.gov.mk
Доколку сакате да закажете средба како физичко лице внесете ги следните податоци за идентификација или соопштете ги на операторот: Име, Презиме, ЕМБГ и е-пошта за физичко лице.
Доколку сакате да закажете средба како правно лице внесете ги следните податоци за идентификација или соопштете ги на операторот: Име, Презиме, ЕМБГ, е-пошта за физичко лице, Назив на фирмата, ЕДБ и ПИН код за правно лице.
Полињата се задолжителни, освен полето „ПИН код“.
- Изберете ја даночната канцеларија и услугата
Изберете ја канцеларијата во која што сакате да закажете средба и услугата која Ви е потребна.
НАПОМЕНА: Услугата „Закажи средб@“ во моментов е достапна само за користење на даночните услуги на Регионалната дирекција Скопје.
Полињата се задолжителни, освен полето „Код на референтен документ“.
- Изберете ги датумот и времето на средба
Закажувањето на средба се врши најрано за следниот работен ден. Изберете ги датумот и времето на средба, кој вам ви одговара, доколку се слободни и не се зафатени претходно.
- Потврдете ја закажаната средба
Потврдете ги информациите за избраната канцеларија, вид на услуга, датум и време на средбата.
Доколку не сте во можност да дојдете на закажаната средба, потребно е истата да ја откажете или да закажете друг термин.
Ве молиме почитувајте го закажаниот термин, како би го намалиле времето на чекање на останатите даночни обврзници.
Корисни информации: