Memorandum_mk
01.03.2018
Во врска со денешниот случај со службеното возило на УЈП подигнато од Пајак-службата

Во врска со јавните објави на социјалните мрежи и случајот во кој денес / 1 март 2018 година, службено возило на УЈП беше подигнато од Пајак-служба пред зградата на Управа за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, Управата за јавни приходи информира дека поради несоодветно користење, управување и грижа на службено возилото, ќе се преземат соодветни мерки против вработениот во УЈП задолжен за управување со службеното возило. Истовремено, информираме дека казната за непрописно паркирање е платена лично од вработениот, a прекршокот се случува во период на отсуство на директорката од УЈП поради здравствени причини.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија