Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
15.03.2018
ВРШИТЕЛИ НА ДЕЈНОСТ, ТРГОВЦИ-ПОЕДИНЦИ КОИ ЗАПОЧНУВААТ ДА ВРШАТ ДЕЈНОСТ ИМААТ ОБВРСКА АКОНТАЦИИТЕ НА ПДД ДА ГИ ПРЕСМЕТУВААТ НА ОСНОВИЦА ОД 11.598 ДЕНАРИ

Со измените и дополнувања во член 97-а став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ”, бр.190/17) пропишано е дека обврзникот кој започнува да врши самостојна дејност месечните аконтации на персоналниот данок на доход за првата година ги плаќа на основица од 50% од просечна нето плата по работник во Република Македонија објавена во Јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.
Самостојните вршители на дејност, трговци поединци кои дејноста отпочнале да ја вршат во 2018 година, имаат обврска аконтациите на персоналниот данок на доход до крајот на годината, да ги пресметуваат и плаќаат на основица од 11.598 денари (50% од 23.196 денари), најдоцна до 15-ти во тековниот за претходниот месец.

Корисни информации:

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија