Memorandum_mk
07.12.2018
Преку проекти од програмата за Рурален развој парите од даноците повторно ги враќаме кај граѓаните

Управата за јавни приходи и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот равој, денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел за брза размена на податоци помеѓу двете финансиски институции.
Меморандумот го потпишаа директорката на УЈП, Сања Лукаревска и директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски.
Размената на податоците помеѓу двете институции се однесува на физчки лица, вршители на дејност, правните лица како и за општините кои се јавуваат како баратели за користење на финансиска поддршка од Програмите финансирани од Националниот буџет и од буџетот на Европската Унија.
Директорката на УЈП, Лукаревска, истакна дека со овој Меморандум ќе се овозможи побрза обработка на апликациите и значително ќе се скрати и времето коешто е потребно за проверка на сите баратели.
Преку поблиската соработка на двете институции ќе овозможиме парите што преку даноци ги прибираме во државната каса, повторно преку проекти наменети за граѓаните како и преку модернизација на земјоделските стопанства, средствата да се вратат кај граѓаните, рече Лукаревска.
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, истакна дека со размената на податоците ќе се овозможи средствата кои се проектирани со Националните и ИПАРД програмите побрзо да стигнат кај граѓаните дали преку инвестиции и модернизација на агро – секторот или преку реализираните капитални инвестиции на општините од Програмата за рурален развој, односно Мерките 321, 322 и 323.
„Согласно правилата на Програмата за Рурален развој и мерките кои ги спомнав, финансиската поддршка за општините е 100 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестицијата без ДДВ. Општините сами си го покриваат Данокот на додадена вредност. Сега, со можноста да се разменат податоци, обработката на апликациите ќе биде брза и парите преку Програмите за рурален развој ќе стигнат повторно кај граѓаните.“- истакна Бабовски.
Со ова, уште еднаш докажуваме дека силно сме фокусирани, кон обезбедување на подобри и поквалитетни услови за работа и живот на сите граѓани.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија