Memorandum_mk
28.12.2018
Работно време на даночните канцеларии на УЈП за прием на барањата за регистрација на Е-ПДД

Во врска со регистрацијата на граѓаните на системот е-ПДД и прием на барањата за регистрација, информираме дека канцелариите на Управата за јавни приходи отворени во општините Аеродром, Ѓорче Петров, Гази Баба и Кисела Вода ќе бидат отворени заклучно со 28.12.2018 година (петок), со исклучок на Даночниот шалтер во општина Чаир каде што ќе се врши прием на барањата и на 31.12.2018 година.

Останатите даночни канцеларии на Управата за јавни приходи се отворени за граѓаните на 29-ти (сабота) и 31-ти декември 2018 година (понеделник) од 07.30 до 16.30 часот.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија