Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
13.08.2019
ПОСТАПКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ НА ПРЕСМЕТАНИОТ ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА ИЗНОСОТ НА ДОНИРАНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА НА СПОРТСКИ СУБЈЕКТИ

Даночните обврзници, правни лица кои донираат финансиски средства на спортски субјекти, уплатени на посебна наменска сметка согласно член 30-а од Законот за данок на добивка („Службен весник на РМ, бр.248/2018) и Правилникот за начинот на спроведување на даночното ослободување на даночниот обврзник кој донирал финансиски средства на спортски субјекти („Службен весник на РСМ“, бр.126/2019), имаат право да користат даночно намалување на пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства, но најмногу до 50% од пресметаниот данок.
Ова право на даночно ослободување, обврзникот го остварува врз основа на ваучер издаден од Агенцијата за млади и спорт, согласно со Законот за спортот.
За да го искористи даночното ослободување обврзникот кој донира финансиски средства на спортски субјекти, потребно е преку системот Е-даноци до Управата за јавни приходи да достави:

  1. Барање за даночно ослободување за донирање финансиски средства на спортски субјекти (образец БДО-ДС)
    Управата за јавни приходи во рок од 15 дена го разгледува доставеното барање и истото го потврдува или го одбива, со доделување на статус во форма на електронска порака. Доколку барањето добие статус “обработено без грешки” тоа значи дека истото е одобрено и обврзникот може да изврши донација, со обврска во рок од 15 дена по потврденото барање за даночно ослободување да достави Известувањето дека извршил донација.

  2. Известување за извршена донација во спортот (образец ИДО-ДС)
    Даночните обврзници кои донирале средства преку системот Е-даноци во рок од 15 дена по потврденото барање за даночно ослободување, доставуваат образец ИДО-ДС до Управата за јавни приходи за извршената донација, со задолжително чекирање на полето за доказ за извршената донација и приложување на доказот за извршената донација. Управата за јавни приходи во рок од 15 дена од приемот на Известувањето правото на даночно намалување на пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства најмногу до 50% од пресметаниот данок, го утврдува со даночен управен акт/Решение.

Напомена: Обврзниците на кои им е одобрено Барањето за даночно ослободување за донирање финансиски средства на спортски субјекти (образец БДО-ДС) од страна на Управата за јавни приходи но:

  • Не извршиле донирање на финансиски средства на спортски субјекти и не доставиле Известување за извршена донација во спортот (образец ИДО-ДС) во рок од 15 дена по потврденото барање за даночно ослободување (доколку и понатаму сакаат да донираат и да користат даночно ослободување), треба да ја повторат постапката односно да поднесат ново барање.
  • Извршиле донирање на финансиски средства на спортски субјекти, а не доставиле Известување за извршена донација во спортот (образец ИДО-ДС) во рок од 15 дена по потврденото барање за даночно ослободување, го губат правото да користат даночно ослободување за извршената донација.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија