Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
08.02.2009
До 15 февруари - Поднесување на Годишен извештај за исплатени приходи во 2008 (образец “ПДД-ГИ)

Исплатувачите (правни лица, трговци поединци, занаетчии, лица кои вршат слободни занимања и др.) кои извршиле исплата на приходи по следните основи:

  • личните примања
  • приходите од авторски права и права од индустриска сопственост
  • приходите од капитал
  • приходите од имот и имотни права (закупнини), ако исплатувачот на приходите води деловни книги
  • добивките од игри на среќа и други наградни игри и
  • другите приходи за кои данокот на доход не се утврдува со решение на Управата за јавни приходи

за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, должни се до Управата за јавни приходи да поднесат “образец ПДД-ГИ” - Годишен извештај за бруто остварените приходи на обврзниците, за пресметаниот и платениот данок и придонесите, како и вкупно исплатените нето приходи по сите основи во календарскиот период од 1 јануари до 31 декември 2008 година.

“Образецот ПДД-ГИ” со податоци за исплатите извршени во 2008 година, исплатувачот е должен да го поднесе најдоцна до 15 февруари 2009 година.

НАПОМЕНА: На обврзникот на данокот - исплатувач на приходите, Управата за јавни приходи ќе му изрече глоба за сторен прекршок во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ако:

  • до УЈП не достави Годишен извештај “образец ПДД-ГИ”, најдоцна до 15 февруари 2009 година
  • на обврзникот при секоја исплата на приход не му издаде примерок од пресметката за аконтација на персоналниот данок и наплатените придонеси, како и збирен податок за вкупно платената аконтација по истекот на 2008 година, а најдоцна до 15 февруари 2009 година

За направениот прекршок, на одговорното лице кај исплатувачот на приходите, ќе му биде изречена глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противредност.

Бидејќи последниот ден за поднесување на Годишните извештаи се паѓа во недела/15 февруари, ги информираме даночни обврзници дека даночните канцеларии на УЈП низ Републиката ќе вршат прием на даночните пријави и во сабота/14 февруари и во понеделник/16 февруари, од 08.30 до 16.30 часот.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија