Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30            
Recnik
02.09.2019
Министерот за внатрешни работи ја поддржа мерката МојДДВ и заедно со директорката на УЈП ги соопштија податоците до 31.08.2019

Заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со Директорката на УЈП Сања Лукаревска вчера, 01.09.2019 во Куманово го посетија промотивниот штанд МојДДВ преку кој кумановци ги добива одговори на своите прашања за мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ.

Министерот Спасовски изрази задоволство од резултатите кои ги дава мерката МојДДВ.
„Посебно задоволство ми причинува фактот што тука во Куманово можеме да дадеме поддршка и да го промовираме проектот МојДДВ, исклучително важен проект за Владата, но и за граѓаните, затоа што една од клучните приоритети во владината програма беше што е можно повеќе пари да вратиме назад, кај граѓаните. Иако постоеја различни размислувања за овој проект и дилеми дали тој ќе биде успешен, јас сум среќен што резултатите покажаа дека проектот е повеќе од успешен, бидејќи досега некаде околу 15 милиони фискални сметки се скенирани. Апелирам и ги повикувам граѓаните да ја симнат апликацијата и да се приклучат кон проектот МојДДВ, да вратат дел од финансиските средства кои ги даваат кон државата како данок на додадена вредност, од една страна, а второ - на тој начин ќе поттикнеме да се намали нивото на сивата економија во државата. Секој од граѓаните нека бара сметки за трговија или за било која услуга, бидејќи така заеднички вложуваме во нашата иднина. Колку повеќе пари се слеат во буџетот, толку повеќе средства ќе имаме за нови проекти, за зголемување на плати, за зголемување на пензии, со што целата економија започнува да се движи“, рече Спасовски.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска најави дека МојДДВ денеска влегува во последниот месец од првото тримесечје, односно заклучно со крајот на септември ќе се финализира износот на првата исплата од 15% поврат од ДДВ кај граѓаните, која ќе се случи во декември годинава.
„Изразувам огромно задоволство од досегашниот тек на реализацијата на МојДДВ. Од почетокот на МојДДВ на 1 јули, па заклучно со крајот на август веќе евидентиравме 15 милиони скенирани фискални сметки, остварен е промет од над 7,6 милијарди денари, вкупен ДДВ во износ од нешто над 800 милиони денари и 15% поврат кај граѓаните што изнесува 125 милиони денари, односно 2 милиона евра“, појасни Лукаревска.
Евидентиран е и зголемен број на пријави од страна на граѓаните на линијата 198 за неиздавање на фискални сметки и други нерегуларности поврзани со фискалните сметки, од самиот почеток на МојДДВ регистрирани се вкупно 342 јавувања за неиздавање на фискални сметки, додека во истиот период минатата година имало само 162 пријави. УЈП, постапувајќи по пријавите од граѓаните, во изминатиов период спроведе интензивни контроли низ целата држава- истакна Лукаревска. Таа исто така потсети дека на веб апликацијата МојДДВ граѓаните имаат можност за преглед на износот на поврат, на бројот на скенирани фискални сметки, како и можност за повлекување, односно бришење на фискалните сметки кои се скенирани по грешка, ненамерно или од недоволна информираност.

     

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија