Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
01.04.2020
СЕ ЗАОКРУЖИ ТРЕТОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ ОД МОЈДДВ

Управата за јавни приходи известува дека на 31 март 2020 година го заокружи третото тримесечје од МојДДВ. За месеците јануари, февруари и март 2020 година на граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе им бидат исплатени вкупно 343,803,953 денари или 5,590,000 ЕУР. Во овој период скенирани се вкупно 49,946,278 фискални сметки, остварен е промет од 21,957,355,689 денари, со вкупен ДДВ 2,292,026,352 денари.

Споредбено со првите две тримесечја зголемување има и кај бројот на корисници на апликацијата МојДДВ, и кај бројот на скенирани сметки, а со тоа и кај повратот на 15% ДДВ кај граѓаните. За првото тримесечје беа исплатени вкупно 186,215,194 денари односно 3,028,000 ЕУР, а за второто тримесечје се исплатија 233,176,601 денари или 3,791,000 ЕУР.

Исплатата за месеците јануари, февруари и март ќе започне во мај 2020 година!

Управата за јавни приходи се уште врши исплата за првото и второто тримесечје на сите оние граѓани кои имале грешки во податоците а во меѓувреме истите ги ажурирале.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија