Memorandum_mk
06.05.2020
РАБОТОДАВАЧИ ПОДНЕСЕТЕ БAРАЊЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ИСПЛАТА НА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

Врз основа на Уредбата со Законска сила за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, работодавачите имаат можност за користење на субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување.

За остварување на правотото на субвенционирање, работодавачот поднесува Барање за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСО) до Управата за јавни приходи.

Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Даноци, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 5 дена од денот на доставувањето на барањето.

Начинот на пополнување на Барањето за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСО) е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување.

Корисни информации:

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија