Memorandum_mk
15.05.2020
РЕГИОНАЛНИТЕ ДАНОЧНИ КАНЦЕЛАРИИ НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ЌЕ РАБОТАТ ОВОЈ ВИКЕНД ОД 9 ДО 14 ЧАСОТ

Управата за јавни приходи известува дека Дирекцијата за големи даночни обврзници, Регионалните Дирекции Скопје, Тетово, Прилеп, Битола Струмица, Штип и подрачните единици Валандово, Берово, Гевгелија, Радовиш Велес, Кавадарци, Неготино, Македонски Брод, Крушево, Охрид, Ресен, Демир Хисар, Струга, Кочани, Куманово, Свети Николе, Виница, Крива Паланка, Гостивар, Дебар и Кичево ќе работат за време на претстојниот викенд (сабота и недела) односно 16-ти и 17-ти мај од 9 до 14 часот.

Со цел, крајна обработка на МПИН образецот, Управата за јавни приходи ги стави на располагање сите свои капацитети (ИТ и човечки ресурси), а за надминување на состојбата, ги информираме работодавачите дека може МПИН пресметките да ги достават на маил на контакт лице од УЈП, или да ги донесат на обработка во посочените даночни канцеларии.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија