Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
03.06.2020
ДЕМАНТ НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ПО ПОВОД ОБВИНУВАЊА ДЕКА 200 ВРАБОТЕНИ СЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА

Управата за јавни приходи, најостро ги демантира невистините и обвинувањата дека наводно 200 лица од УЈП биле во самоизолација поради контакт со директорката, Сања Лукаревска.

Во интерес на јавноста, УЈП информира дека поради протоколите, во домашна изолација е дел од раководството на Управата за јавни приходи и бројката не надминува 40.
Согласно епидемолошката анализа којашто е направена кај сите вработени посочени од директорката, на сите им беше укажано дека не претставуваат и не се во ризик. Дел од вработените се веќе тестирани и се негативни на Covid-19, а дел ќе се тестираат во наредните денови.
Работата во Управата за јавни приходи се одвива непречено, согласно планот за работа во услови на коронавирусот, односно работа од дома како и наизменично менување на вработени на работно место, со заштитна опрема и средства за дезинфекција.
Од почеток на пандемијата, Управата за јавни приходи ги почитува сите протоколи, мерки и препораки за заштита на здравјето на секој вработен.
Состаноците се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средства за претходна лична дезинфекција.
Воедно се врши редовна дезинфекција и на сите простории, се почитува физичката дистанца како и насоките за носење заштитна опрема како маска или марама.

УЈП, како и досега и натаму ќе продолжи целосно да ги спроведува препораките и задолженијата од институциите во насока на заштита на јавното здравје и здравјето на секој поединец.
Во услови во коишто се наоѓа целиот свет треба да останеме хумани и присебни и да не злоупотребуваме ничие човечко здравје во ширење на лажни информации.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија