Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
28.12.2007
Посебни даночни постапки за испитување на имот и имотна состојба на физички лица

Во врска со посебните даночни постапки кои изминатиот период предизвикаа посебен интерес, Управата за јавни приходи ja информира jaвноста дека досега се завршени 17 постапки за испитување на имотот и имотната состојба на физички лица, а за кои Управата имаше претходни сознанија дека тој имот лицата го стекнале од неоданочени приходи.

Во сите 17 случаи, Управата за јавни приходи има донесено Решенија за утврдување на данок. Вкупниот износ на приходи кои треба да бидат инкасирани по овој основ во Буџетот на РМ изнесува 301.293.856,00 денари.

Во досега отпочнатите даночни постапки, само во 5 случаи УЈП ја има запрено постапката.  

Посебните даночни постапки кои ги води УЈП, произлегуваат од Законот за персонален данок од доход (член 94-а), каде е предвидено дека кога лице поседува имот или располага со средства кои се поголеми од оданочените, односно имотот кој го поседува и средствата со кои располага потекнуваат од приходи на кои не е утврден данок или не е доволно утврден, Управата за јавни приходи може да покрене посебна даночна постапка за задолжување со данок на тој имот или приход.

Во вакви случаи, основа за пресметување на персоналниот данок претставува разликата меѓу вредноста на имотот и висина на приходите за негово стекнување, која ја докажува странката во постапката. Тоа значи дека на непријавените приходи, УЈП ќе пресмета данок по стапка од 70%.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија