Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
01.07.2020
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ЕДНА ГОДИНА МОЈ ДДВ

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денес одржа прес конференција посветена на една година од Проектот МојДДВ.
На почетокот директорката истакна дека оваа мерка која ја изведе и спроведе Управата за јавни приходи има две основни цели:
- Издавање на фискални сметки, а со тоа намалување на сивата економија и
- Враќање на пари кај граѓаните 15% од искажаниот ДДВ во фискалната сметка.

Тимот од УЈП кој работеше и на текстот на Законот за поврат на 15% кај физичките лица работеше и на изгледот и функционалноста на самата апликација МојДДВ преку која всушност се остварува повратот. Секој граѓанин за да ја користи апликацијата, мора да е регистриран во системот на е-ПДД. Таа потсети дека граѓаните своето право на поврат освен преку мобилната апликација, скенирањето го вршат и преку баркод читачи поставени во 36 единици на УЈП и 7 киоск апарати поставени во 7 регионални Дирекции на Управата за јавни приходи. Ангажирани беа и волонтери, се спроведе караван МОЈДДВ кој ги посети сите поголеми градови во земјата, секојдневно се информираше јавноста и преку веб страната на УЈП и преку социјалните медиуми и маилот mojddv@ujp.gov.mk со цел доближување на мерката до граѓаните. Сите, и вработените и волонтерите се вложија во овој подвиг и затоа денес ги гледаме и ги чувствуваме резултатите.

Денес имаме 304 912 корисници на апликацијата МојДДВ, а бројката понатаму ќе расте – истакна Директорката Лукаревска.

Апликацијата МојДДВ се симнува преку:

Директорката го презентираше и вкупно извршениот поврат досега од Мој ДДВ.
,,Првиот поврат е реализиран во декември 2019 година за периодот јули-септември 2019 година кај 151 498 граѓани, а исплатени се 158.065.205 денари. Вториот поврат е реализиран во февруари 2020 година за периодот октомври-декември 2019година кај 186.515 граѓани а, исплатени се 211.988.131 денари. Третиот поврат е реализиран во мај 2020 година за периодот јан-март 2020 година кај 240.597, а исплатено е 301.217.240 денари. Вкупно вратен поврат за трите квартала е 671.270.576 денари. Од аспект на наплата на даноците анализите покажуваат дека по воведувањето на МојДДВ наплата на ДДВ споредена во периодот јули-декември 2019 година со истиот период од 2018 година е зголемен во просек за 11,2%. Донацијата што се спроведе преку апликацијата МојДДВ изнесува 5 809 613 денари. Можноста за отповикување на донацијата која заврши вчера ја искористија 3.161 граѓани. Мој ДДВ е успешна мерка која ја реализиравме, таа е мерка за граѓаните. Продолжуваме понатаму да им служиме на граѓаните и да ги поедноставуваме процедурите, во насока на подобрување на услугите кои ги дава Управата за јавни приходи – истакна Лукаревска.

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија