Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
04.02.2021
АНАЛИЗА ЗА ИСКОРИСТЕНОСТ НА МЕРКАТА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ НА ВРАБОТЕНИТЕ

На денешната прес конференција Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска информираше за неисплатените плати од страна на компаниите кои земале финансиска поддршка.
Со состојба 2 февруари 2021 година, на 13 160 работодавачи им е исплатено вкупно 961 709 306 денари за исплата на декемвриската плата на 60 974 вработени. Од нив 306 работодавачи не ја исплатиле земената финансиска поддршка во износ од 16.305.020 денари, на 992 вработени.
За овие работодавачи рече директорката, Управата за јавни приходи изготви и достави опомени и за неисплатената плата, а по истекот на рокот од опомената, против оние кои нема да ја исплатат платата ќе следи спроведување на постапка на присилна наплата на платата со блокада на паричните средства на нивните трансакциски сметки и пренос на средствата на сметките на вработените лица и на уплатните сметки за јавни приходи. Овие компании се од дејностите:

  • 78 работодавачи од дејноста трговија на мало, кои примиле финансиска помош од 2.219.584 денари и на 145 вработени не исплатиле плата,
  • 44 фирми што вршат подготовка на оброци и служење на храна примиле помош од 2.239.825 денари и на 130 вработени не исплатиле плата,
  • 26 фирми од дејноста градежништво, примиле помош од 944.106 денари и на 57 вработени не исплатиле плата.

Останатите компании се од дејностите транспорт, трговија на големо, трговија на големо и мало со моторни возила и моторцикли и услужни дејности. По региони најмногу фирми што не исплатиле плата се од Скопје 92 фирми, Тетово 63 и Гостивар 16.
По спроведените мерки и активности од страна на Управата за јавни приходи, намален е бројот на компаниите кои сеуште не ја исплатиле октомвриската и ноемвриската плата, и тоа за октомври е намалено од 179 на 11 компании, а во ноември од 245 на 24 компании.

Октомвриска плата сеуште не зеле 34 вработени а во ноември 50 вработени. Кај овие компании во тек е постапка на присилна наплата на неисплатената плата од парични средства на трансакциска сметка. Намален е и бројот на компании кои не исплатиле плата за април, мај и јуни 2020 година. Така што по постапката за присилна наплата, со состојба на 2 февруари 2021 година уште не е исплатена плата за месец април од страна на 47 компании за 102 вработени, 33 компании за мај не исплатиле плата на 63 вработени и плата за јуни не исплатиле 54 компании за 145 вработени.

Вкупниот број на компании кои сè уште не исплатиле плата за еден, за два или за сите три месеци (април, мај и/или јуни) е 109. За овие работодавачи доставени се детални податоци во Јавното обвинителство, за покренување на кривична постапка, и кај истите се извршени контроли во координација со Државен инспекторат за труд, за што ќе известиме во вторник наредната недела – рече Лукаревска.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија