Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
25.02.2021
Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“ објавен на е-Даноци

Работодавачите кои го искористиле правото на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“, број 92/2020 и 116/2020), должни се примените финансиски средства да ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат за 2020 година, зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажани приходи од Даночниот биланс за обврзниците на данок на добивка.

За обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, износот за враќање е најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат од Билансот на успех (добивка пред оданочување) за 2020 година. За враќање на износот на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување, поднесете Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“ кој е објавен и на системот е-Даноци.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија