Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
16.04.2021
ЛУКАРЕВСКА НА ЈАВНА РАСПРАВА НА ТЕМА ,, НАМАЛУВАЊЕ НА НЕФОРМАЛНАТА ЕКОНОМИЈА”

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денес присуствуваше на јавната расправа на тема „Намалување на неформалната економија“ која се одржа во Министерството за финансии. Претставување на Планот за борба против корупција „Акција 21“ и Акцискиот план за сузбивање на сивата економија пред бизнис секторот беше тема на дискусија на оваа јавна расправа. Преку овие планови ќе се детектира и сузбива сивата економија и корупцијата за да може да се создаде поволна деловна клима во државата заради раст и развој на компаниите. ЗПВРСМ задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски го претстави Планот за борба против корупција „Акција 21” во кој се содржани јасни и прецизно зададени цели за борба против корупцијата каде сите институции вклучени во овој план треба максимално да го дадат својот придонес секој од својот делокруг.
Министерот за финансии Фатмир Бесими пред бизнис секторот го претстави процесот на спроведување на ,,Акцискиот план за сузбивање на сивата економија,, во кој се поставени таргет мерки кои ќе ја забрзаат реализацијата на активностите за јакнење на механизмите за сузбивање на сивата економија, a со активно следење на планот ќе се мери учеството на сивата економија во БДП.

Бизнис-заедницата посочи дека е неопходно делувањето во насока на решавање на овие два горливи проблема сива економија и корупција, за градење еден здрав економски систем, којшто ќе продуцира додадена вредност и економски раст. Директорката истакна дека Управата за јавни приходи е вклучена во овие два плана и има значајна улога бидејќи преку своите контролни механизми има значајна улога во спречувањето на затајување на данок и корупција , а како институција која оперативно ја спроведува даночната политика во државата, неопходно е истата да се одвива преку даночен систем кој ќе биде современ, ефикасен, транспарентен и праведен.

     
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија