Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
20.04.2021
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА: БЕСИМИ - ЛУКАРЕВСКА ЗА МЕРКАТА - ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ НА РАБОТНИЦИТЕ

На денешната прес конференција Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими ја претставија мерката финансиска поддршка за исплата на плати.
Министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека вкупната вредност на оваа мерка е 1,9 милијарди денари, кои се издвоени од буџетот а ќе се опфатат околу 60.000 работници. Министерот исто така рече дека фирмите ќе можат да аплицираат и за кредити од 3.000 до 30.000 евра согласно Ковид 4 бескаматната линија преку Развојната банка, за која се издвоени 615 милиони денари (10 милиони евра).,,Предвидено е за компаниите кои ќе го зголемат бројот на вработените или прометот, дел од бескаматниот кредит да им се трансформира во грант,, - рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Директорката појасни дека барањата за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март 2021 година, ќе се поднесуваат електронски преку системот е-Даноци, за секој месец одделно, а барањата ќе се поднесуваат до 30-ти април 2021 година. УЈП веднаш, а најдоцна за 3 дена ќе одговари дали барањето е комплетно. Ако барањето е комплетно работодавачот во МПИН пресметката внесува шифра 5002 за работниците за кои побарува финансиска поддршка. По обработката на пресметката, УЈП го информира работодавачот за исполнетоста на условите и за вкупниот износ на финансиска поддршка. Обврзниците кои исплатите платата за овие месеци, може да поднесат исправки на МПИН пресметките со внесување на шифрата за финансиска поддршка, а обврзниците кои не ја исплатите платата, треба повторно да ја поднесат пресметката.

По обработка на податоците УЈП ја информира Владата на РСМ за работодавачите кои ги исполниле условите за финансиска поддршка, заради исплата на финансиските средства најдоцна во рок од 5 дена од прифатениот МПИН образец.
Директорката посочи дека условите од Законот за користење на финансиската поддршка се истите како и од претходниот Закон, односно работодавачот треба да има пад на приходите од најмалку 30%, да не се врши исплата на дивиденда и награда за деловна успешност, работникот да нема остварено нето плата поголема од 39.900 денари во претходните 4те месеци, работодавачот да не исплатува нето плата повисока од 120.000 денари за месецот за кој се бара финансиската поддршка на повеќе од 10% од вкупниот број на вработени, да не користи ослободување од плаќање на данокот на личен доход и придонеси од задолжително социјално осигурување, работникот да не е пријавен на дополнително работно време и работодавачот во годишната сметка и финансиските извештаи за 2017, 2018 и 2019 година, има остварено кумулативно акумулирани добивки пред оданочување помали од 600.000.000 денари.

Во месецот за кој се бара финансиска поддршка, работодавачот треба да има ист или поголем број на вработени споредбено со месец декември 2020 година со исклучок на одјавените работници по оправдани основи согласно законот. Овој услов рече Директорката немаат обврска да го исполнат работодавачите кои вршат угостителска дејност односно дејности за подготовка и служење на храна и објекти за сместување, како и транспортната дејност, односно копнен и цевоводен транспорт кој поради здравствените протоколи имаат затворено најмалку 50% од своите капацитети преку кои го остваруваат прометот.
Висината на износот на финансиската поддршка по вработен ќе зависи од процентот на намалување на приход на работодавачот и истата изнесува од 14.500 денари по вработен за пад на приход од 30 до 40%, до максимални 21.776 денари по вработен за намален приход над 80%.

Барање за финансиски средства за месеците февруари и март 2021 година физички лица самостојни вршители на дејност електронски поднесуваат преку системот e-ПДД за секој месец одделно. Висината на финансиската поддршка за СВД изнесува 17.410 денари на месечно ниво. Износот на финансиска поддршка се исплатува во рок од 10 дена од денот на поднесување на комплетното барање, на трансакциска сметка преку која физичкото лице кое врши самостојна дејност врши трансакции за дејноста.

Средствата од финансиската поддршка се враќаат до 50% од примената финансиска поддршка, по доставено решение од страна на Управата за јавни приходи најдоцна до 15 февруари 2022 година, а под услови одредени со законот постои и можност за трансформирање на финансиската поддршка во грант.

Директорката напомена дека, како и претходно, предвидени се казнени мерки за сите оние кои дале лажна изјава за исполнетост на условите, како и прекршочни мерки за оние кои не ја исплатиле финансиската поддршка или исплатиле помал износ.
Поднесувањето на барањето за финансиска поддршка ќе биде овозможено веднаш по објавата на подзаконскиот акт во Службен весник. – рече Лукаревска

Директорката исто така информираше дека во рамките на овој пакет на мерки донесен е и Законот за изменување на законот за данокот на личен доход, согласно кој обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност и кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на корона-вирусот COVID-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2021 година.

Втората мерка, се однесува на обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од вршење на занаетчиска дејност и се оданочуваат според паушално утврден нето-доход и на кои им е веќе утврден паушален нето-доход, на кои за 2021 година им се пресметува данок на само 50% од утврдениот паушален нето-доход за 2020 година.

     
   

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија