Memorandum_mk
01.08.2022
ДЕМАНТ ОД УЈП ПО ПОВОД ОБЈАВИ ПОД НАСЛОВ ,,ВО ОБВИНИТЕЛСТВО СЕ ВОДИ ПРЕДИСТРАГА ЗА МОЖНА ИЗМАМА СО ФИКТИВНА НАПЛАТА НА ДДВ „ВРЕДНА“ НАД 90 МИЛИОНИ ЕВРА

Во врска со неколку објави на медиуми под наслов ,,Во обвинителство се води предистрага за можна измама со фиктивна наплата на ДДВ „вредна“ над 90 милиони евра,, преземена од порталот МКД.МК , информираме дека станува збор за вест која Управата за јавни приходи ја објави и прати до медиумите на 12 мај 2022 година http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/911.

Тогаш е посочено дека не станува збор за афера на УЈП, туку дека станува збор за утврдено незаконско работење сторено од даночни обврзници кои УЈП ги детектираше уште во јули 2021 година. Како одговорна и вископрофесионална институција во соработка со останатите надлежни органи, УЈП ги презема сите активности за заштита на Буџетот на РСМ.

На ден 26.07.2021 година, информирани се надлежните институции за случувањата и мерките по што се преземаа и други дејства, а целокупната документација од страна на УЈП уште веднаш е предадена на надлежните институции.

Апелираме, да не се шпекулира со непотврдени информации и бројки затоа што во тек е постапка пред надлежни институции и секоја шпекулација може да нанесе штетни последици на целиот процес.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија