Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
13.02.2009
До 15 март - Годишна даночна пријава за остварени приходи во 2008

Граѓаните, како даночни обврзници на персонален данок на доход, имаат обврска приходите кои ги оствариле во текот на 2008 година да ги пријават во Управата за јавни приходи, со задолжително поднесување на Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“).

* Даночните пријави се поднесуваат од 1 јануари 2009, а најдоцна до 15 март 2009 година кога и истекува законскиот рок за поднесување на образецот “ПДД-ГДП“. Годишната даночна пријава можете да ја доставите во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи или преку пошта.


Годишна даночна пријава имаат обврска да поднесат граѓаните/резиденти на Република Македонија за приходите кои ги оствариле во земјата и во странство.

Персоналниот данок на доход се плаќа годишно на збирот на нето приходите од сите извори, освен приходите кои се изземени од оданочување. Приходите остварени во 2008 година се оданочуваат со стапка од 10%.

Граѓанинот кој остварува само приходи од плата, пензија, од вршење самостојна или земјоделска дејност, не е должен да поднесува Годишна даночна пријава.

Годишна даночна пријава во секој случај доставуваат:

  • обврзници кои остваруваат лични примања од странство,
  • обврзници кои остваруваат лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави, кај претставници и службеници на претставништва кои уживаат дипломатски имунитет и кои сами го утврдуваат и плаќаат данокот.

На даночните обврзници кои нема да поднесат даночна пријава во утврдениот рок, ќе им се изрече глоба за сторен прекршок кој се движи од 500 до 1000 евра, во денарска противвредност.

Управата за јавни приходи апелира граѓаните својата обврска да ја исполнат пред 15 март, со цел избегнување на метеж во даночните канцеларии во последните денови пред истекот на рокот за поднесување на Годишните даночни пријави.

 

За повеќе информации во врска со начинот на пополнување и поднесување на Годишната даночна пријава, преземете ја брошурата “Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“.

Види и “УЈП статистика“, за бројот на поднесени Годишни даночни пријави во изминатите години.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија