Memorandum_mk
26.10.2022
БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ФАКСИМИЛ - (образец Б-ФА)

Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека на веб страницата на УЈП, е поставен нов унифициран образец - Барање за издавање на одобрение за користење на факсимил - (образец Б-ФА).

Согласно член 18 став 4 од Правилникот за спроведување на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр.65/99, „Службен весник на РСМ“, бр.111/19 и 143/22), заради олеснување на постапката за издавање на фактури од ист вид кон голем број приматели, на даночните обврзници може да им се одобри користење на факсимил на потпис за овластено лице или факсимил на име, презиме и потпис на овластеното лице.

Корисни информации:

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија