Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

10.06.2014
Задолжителна регистрација на е-Даноци за годишните ДДВ обврзници кои преминуваат во тримесечни ДДВ обврзници
Со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност, се укинува можноста како даночен период да се смета календарска година, поради што УЈП на сите годишни ДДВ обврзници кои од 1 јули 2014 година преминуваат во тримесечни ДДВ обврзници ќе им достави „Решение за измена на даночен период за ДДВ“. За прв даночен период во 2014 година, ќе се смета периодот од 1 јануари до 30 јуни 2014 година за кој оваа категорија на ДДВ обврзници ќе треба да поднесат ДДВ-04 пријава преку е-Даноци и да извршат плаќање на ДДВ-обврската најдоцна до 25 јули 2014 година. Според последните податоци, од вкупно 10.793 годишни ДДВ обврзници кои од наредниот месец ќе преминат во тримесечни ДДВ обврзници, 444 сеуште ја немаат исполнето обврската за регистрација на системот за електронско пријавување на ДДВ преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk...
 
13.05.2014
101 објект без фискални сметки
И покрај тоа што контролите во делот на фискализацијата е една од најексплоатираните теми во јавноста и УЈП постојано апелира даночните обврзници редовно да издаваат фискални сметки на потрошувачите, сеуште постојат деловни објекти кои не го регистрираат прометот и го оштетуваат Буџетот на РМ. Во изминатата седмица, даночниците спроведоа засилени контроли на цела територија на Македонија. Од вкупно 665 контролирани деловни објекти, во 101 утврдени се неправилности во финансиското работење и неправилности во регистрирањето на готовинскиот промет...
 
09.05.2014
IOTA Форум „Преку обука до учење и развој“
Управата за јавни приходи во соработка со Интра-европската организација на даночни администрации (IOTA) во периодот 7-9 мај 2014 година е домаќин на 11-ти IOTA Форум за обука „Преку обука до учење и развој“ на кој учествуваат 47 претставници од 28 даночни администрации...
 
25.04.2014
Од 1 јули 2014 година годишните ДДВ обврзници преминуваат во тримесечни ДДВ обврзници
Сите даночни обврзници кои се годишни ДДВ обврзници, од 01 јули 2014 година преминуваат во тримесечни даночни обврзници. За прв даночен период во 2014 година за овие даночни обврзници ќе им се смета периодот од 01 јануари 2014 година до 30 јуни 2014 година...
 
22.04.2014
Кривични пријави против нелегални обложувалници во Ростуше и Велебрдо
Денес/22 април 2014/, во доцните вечерни часови тимови на УЈП затворија диви обложувалници во селата Ростуше и Велебрдо. Од објектите кои работеле нелиценцирано, даночните инспектори ја запленија целокупната техничка опрема (телевизори, компјутери и печатари) и затекнатиот промет во готово стекнат од нелегалното приредување на игри на среќа...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија