Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

09.04.2014
Средби со даночните обврзници од југозападниот регион
На барање на фирмите и граѓаните, во текот на денешниот ден Директорот на УЈП ќе ги посети Вевчани, Струга, Охрид, Ресен, Битола и Демир Хисар. На средбите, посебен акцент ќе се даде на прашањата кои ги поставија бизнисите до Управата – модели на оданочување на мали бизниси, репрограм на даночни долгови, актуелните новини и поволности во даночното работење за фирмите...Присутните ќе можат да се запознаат и со новата услуга на УЈП за електронско издавање на уверенија и потврди.
 
04.04.2014
Пополнување на МПИН пресметка за работодавачи кои се ослободени од плаќање на придонеси по основ на вработување на невработено лице до 29 години
Почнувајќи од 13.03.2014 година, работодавачите од приватен сектор кои ќе вработат невработено лице до 29 години возраст со полно работно време имаат право на ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување во рок од 12 месеци од вработувањето на лицето, под услови определени со член 98-б од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на РМ“, бр.44/14). Работодавачите можат да го искористат ова право започнувајќи со поднесувањето на МПИН пресметките за месец Март, кои се поднесуваат до 10 Април 2014 година. За да може работодавачот од приватниот сектор да поднесе МПИН пресметка, во која ќе го користи правото на ослободување од плаќање на придонеси, потребно е...
 
01.04.2014
Ново – Електронско поднесување на барање и достава на уверенија/потврди преку е-Даноци
Од Април 2014 година, Управата за јавни приходи воведува новина и можност даночните обврзници побрзо да го добијат бараното уверение и потврда, односно наместо лично на шалтерите во УЈП, фирмите и граѓаните регистрирани на системот е-Даноци ќе имаат можност барањето да го поднесат електронски преку https://etax-fl.ujp.gov.mk и УЈП електронски да им го издаде Уверението/Потврдата преку е-Даноци...
 
20.03.2014
Насоки за поднесување на перодичниот финансиски извештај од фискални системи за регистрирање на готовински плаќања кон ДДВ-04 пријавата
Согласно со член 41 од Законот за данокот на додадена вредност, даночните обврзници за ДДВ имаат обврска кон ДДВ-пријавата да поднесат периодичен финансиски извештај од одобрените фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања. Во врска со начинот на исполнување на оваа законска обврска, ги известуваме даночните обврзници дека прилозите - периодични финансиски извештаи треба да ги пополните on-line во системот е-Даноци со сумарни податоци за сите фискални каси, во табелата „Податоци од периодични извештаи од одобрени фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања“. Со ова престанува обврската за прикачување на скенирани периодични финансиски извештаи како прилог кон ДДВ-пријавата.
 
19.03.2014
Новости во Законот за данокот на додадена вредност
Врз основа на измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр.12/14 и бр.46/2014), објавени се нови правилници, и тоа: 1) Правилник за содржината и начинот на водење на евиденцијата за прометите на инвестициско злато - во кој се пропишани обврските за водење на евиденција за даночните обврзници кои вршат промет со инвестициско злато; 2) Правилник за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-04); 3) Правилник за формата и содржината на Извештајот за извршените промети на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен прометот (образец ДДВ-ИПДО)...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија